Маја Чанаќевиќ одликувана со „Витез од редот на уметностите и книжевностите“

Од:

На обоистката и поранешна директорка на Македонската филхармонија Маја Чанаќевиќ денеска во резиденцијата на Франција во Скопје ќе и биде доделено одликување „Витез од редот на уметностите и книжевностите“, кое ќе ѝ го врачи амбасадорот на Франција во Македонија, Кристијан Тимоние.

– Во текот на целата своја кариера како обоист и директор на Филхармонијата, госпоѓа Чанаќевиќ работеше на што подобро запознавање и поголемо присуство на француската музика во Македонија. Во периодот помеѓу 2002 и 2006 година, како музичар и член на Филхармонијата, таа почна и реализираше неколку проекти за француски вечери, во соработка со Францускиот институт во Скопје, наведува Амбасадата на Франција.

Како директор на Филхармонијата од 2006 до 2017 година Чанаќевиќ соработувала и поканила повеќе познати француски солисти, како Гзавие Филипс, Готје Каписон и Емануел Сесон.

– Низ своите иновативни програмски решенија, таа умееше да внесе помалку познати композитори и дела, со што на македонската публика ѝ овозможи подобро да се запознае со богатото и разновидно француско музичко творештво. Госпоѓа Маја Чанаќевиќ, како исклучителна личност и голем авторитет во областа на музиката во Македонија, преку своите програмски решенија, соработката со франуските солисти и нејзината приврзаност кон Франција, даде значајна поддршка кон приближувањето и ширењето на француската култура во Македонија, соопшти Амбасадата.

Одликувањето „Витез од редот на уметностите и книжевностите“ е востановено во 1957 година.

Би можело да ве интересира

Почина сликарот Таки Павловски

Ана Ололовска

Утре започнува шестото издание на мултимедијалниот фестивал ArtArea/Артерија

Ана Ололовска

Започна 15-та јубилејна Меѓународна графичка работилница „Софија“ во Богданци

Ана Ололовска

Зоран Попоски изложува на Месецот на дигитална уметност во Париз

Ана Ололовска

Изложба на проширено кино „Терански Фрагменти“

Ана Ололовска

Избрани четворицата финалисти за наградата ДЕНЕС за млад визуелен уметник до 35 години

Ана Ололовска