Моника се јави: Не ме барајте, во притвор сум 30 дена

Од:

Активистката Моника Ристеска која денес беше изведена пред судија на претходна постапка, а потоа и беше изречен притвор, се огласи на социјалните мрежи.

„Не ме барајте, до привор сум 30 дена“, напиша Ристеска на нејзиниот Фејсбук профил.

При вчерашниот претрес во нејзиниот дом, полицијата пронашла 30 милилитри. масло од канабис и 15 грама канабис. По барање на Обвинителството, судијата донесе одлука за 30 дневен притвор на Ристеска.

Утре во 12 часот, пред Основното јавно обвинителство, група граѓани ќе протестираат против како што велат, прогонот на Моника Ристеска. Тие велат дека пристапот на судијата кој на активистката Ристеска и одреди триесетдневен притвор е ригиден и неприфатлив.

„Ги повикуваме сите слободоумни граѓани и оние кои се, но и оние кои не се уживатели на канабисот да дојдат на протест пред Основното Јавно Обвинителство-Скопје во 12:00 часот. Целта е да го изразиме нашето незадоволство и да ја искажеме нашата поддршка за неправедно затворената Моника“, пишува во најавата на социјалните мрежи која ја објави здружението „Билка“.

Ристеска во изминативе месеци јавно се залага за слободна употреба на марихуаната и маслото од канабис.

Би можело да ве интересира

Активистката Ристеска облеана во крв тврди дека татко и се обидел да ја убие, полицијата го уапси

Кристијан Ландов

Активистката Ристеска осудена на една година затвор

Кристијан Ландов

ВИДЕО: Моника Ристеска осудена на две години условна казна

Кристијан Ландов

Поднесено обвинение против Моника Ристеска и барање за продолжување на притворот

Наум Локоски

ХК: Притворот не е неопходна мерка за Моника Ристовска

Ана Ололовска

(ВИДЕО) Митровски: Државата овозможува мултимилионски бизнис со канабис, а граѓаните ги гони како криминалци

Ана Ололовска