Натпреварот од Лигата на шампионите меѓу англискиот претставник „Ливерпул“ и унгарскиот клуб „Дебрецин“ се води како сомнителен бидејќи се верува дека е лажиран,во истрагата на европската полиција Европол.
Според лондонски „Дејли телеграф“ овој натпревар е едниот од двата натпревари од Лигата на шампионите за кои Европол тврди дека се „сомнителни“.
Натпреварот е одигран во 2009 година на Енфилд стадионот во Ливерпул и заврши со победа на домакините 1-0.Единствениот гол го постигна Дик Кајт,откако голманот на гостите,Вукашин Полексиќ само го одби,но не го одбрани силниот удар на Фернандо Торез. Тој единствен гол му донесе победа на домашниот тим,во натпревар од квалификационите групи,но весникот тврди дека сомнителен не е англискиот клуб,поранешен победник на ова натпреварување,туку голманот на гостинскиот тим.
Фудбалскиот клуб „Ливерпул“ категорично отфрли секаква поврзаност со откритијата на Европол,како и со тврдењето на лондонскиот весник.
„Никој од УЕФА и ФИФА нема контактирано со било кого од фудбалерите и упрвавата на клубот околу сомничењето дека меѓу наместените резултати од европските натпреварувања се наоѓаат и два меча од Лигата на шампионите,а еден од нив е одигран во Англија. Според весикот,германската полиција веке водела истрага против голманот на „Дебрецин“ за еден друг натпревар на овој унгарски клуб,со италијанската „Фиорентина„ што заврши со тешка победа на Италијанците.
За овој меч подоцна се разбра дека бил лажиран од една хрватска криминална банда,за која полицијата во Германија водеше истрага.
Голманот Вукашин Полексиќ од УЕФА беше казнет со две години забрана за настап,затоа што не кажал дека му биле нудени пари за да биде лажиран натпреварот со италијанскиот клуб.
Полексиќ тогаш тврдеше дека е невин,но неговата жалба не беше прифатена.
Една криминална банда од Сингапур е осомничена дека стои зад големата мрежа за лажирање на фудбалските натпревари во Европа и Азија.Како сомнителни Европол посочува 380 европски натпревари,меѓу нив има и репрезентативни,а како осомничени се водат 485 фудбалски функционери,судии,фудбалери и криминалци.