МАНУ одбележа 51 година постоење

Од:

Програмата на Македонската академија на науките и уметностите за 2018-та, која беше комплексна, разновидна и богата, од јануари досега се реализира со задоволително темпо и без посебни проблеми, оцени претседателот на МАНУ Таки Фити во речта што ја одржа по повод 51 година од основањето на Академијата.

Резимирајќи ги активностите на МАНУ во изминатите девет месеци, Фити истакна дека го радува што е во пораст бројот на научни проекти и трудови, особено во доменот на правото и економијата, но и во уметностите, а задоволен е и од меѓународната соработка.

– Таа и натаму се продлабочува и развива, нешто што е многу значајно за мала земја и мала академија, бидејќи придонесува за репутацијата на Академијата, за македонската наука и на уметностите, истакна претседателот на МАНУ на свеченоста. Посочи и дека Академијата годинава имала двајца гости нобеловци – Видет Бушамауи, нобеловка за мир, и Ферид Мурад – добитник на Нобелова награда за медицина.

Две домашни научни конференции, рече, посебно треба да се одбележат – за договорите на Република Македонија со Република Бугарија и со Република Грција.

Покрај за проектите, организираните собири, форуми и конференции, Фити соопшти и дека МАНУ оваа година бележи богата издавачка дејност. Од почетокот на 2018 објавени се 30-ина изданија – научни трудови од различни области. Годинашната издавачка продукција беше претставена на изложба во холот на МАНУ.

По повод роденденот на МАНУ, беше доделено највисокото меѓународно признание на Академијата – „Блаже Конески“, именувано по нејзиниот прв претседател. Годинашни добитници се Јоланта Сујецка од Полска и Јуми Накаџима од Јапонија, а им е доделено за придонесот во афирмацијата на македонскиот јазик во нивните земји.

Професорката од Токио Јуми Накаџима е прва добитничка на ова признание од Азија. Јоланта Сујецка присуствуваше на настанот и се потсети на првата посета на Македонија во 1999 година и на луѓето од МАНУ, Архивот и од Институтот за национална историја со кои соработувала при проучувањето на македонсиот јазик.

МАНУ го слави 9 октомври – датумот на кој во 1967 година било одржано нејзиното конститутивно собрание. Наредниот ден (10 октомври 1967) Академијата била свечено отворена.

Би можело да ве интересира

МАНУ: Во Македонија постои само една национална академија

ВРЕДИ почна да го реализира планот за албанска Академија, ќе ја финансираат општините со нивни градоначалници

Катерина Ѓуровски

Штрајкуваат вработените во МАНУ, бараат повисоки плати

Горан Наумовски

Влен: Академијата за науки и уметности на Албанците не треба да се гледа како контраст или паралелизам на МАНУ

Муртезани: Не можам да тврдам, но има перцепција дека во МАНУ нема пристат за други етнички заедници

Претседателство на МАНУ: Академијата е отворена за сите што ги исполнуваат критериумите, да не се вовлекува во дневнополитички расправи