„Мак аутостар“ од случајот „Тенк“ ќе ги сервисира возилата на Собранието на РМ

Од:

Застапникот на „Мерцедес- Бенз“ за Македонија, фирмата „Мак аутостар“ ДООЕЛ која стана позната по случајот на СЈО „Тенк“, од каде сега осудените Никола Груевски, Гордана Јанкулоска и Ѓоко Поповски противпрано го набавија мерцедесот ЕС600 Гард вреден 600 илјади евра го доби тендерот за сервисирање на возилата на Собранието на РМ, автомобил Мерцедес ЕС600 и комбе Мерцедес Вито.

Договорот е потпишан помеѓу генералниот секретар на Собранието, Цветанка Иванова и управителот на Мак аутостар Зоран Марковски кој беше сведок во „Тенк“ за кој се осудени експремиерот, поранешната министерка и заменик министерот за внатрешни работи.

Мак аутостар за само една година сервисирање на овие две возила ќе добие вкупно 354 илјади денари или околу 5 илјади евра. Одржувањето, сервисирањето и поправката на возилата во цената опфаќа автомеханичари, автоелектричари, автолимарски и автолакерски услуги кои ќе се вршат сукцесивно во завнисност од потребата на Собранието.

Понудата на операторот Мак аутостар, како што стои во договорот е избрана за најповолна согласно Одлуката за избор на најповолна понуда заведена под бројот 05-4314/2 од 23.08.2018 година донесена од генералниот секретар на Собранието.

„Мак аутостар“ исто така во јули оваа година го доби тендерот од Владата на РМ за сервисирање и на мерцедесот ЕС 600 Гард за кој се обвинети Груевски, Јанкулоска и Поповски, во вредност од 2 милиони денари или 32.500 евра.

Виктор Јованов

Би можело да ве интересира

Собранието го донесе Законот за задолжување на државата со заем од 260 милиони евра

Собранието го усвои Законот за младински додаток, 3.000 денари за млади до 23 години

А1он

Собранието не го прифати предлогот за едно државјанство за министрите

Горан Наумовски

Собранието го донесе Законот за Советот на јавните обвинители

Собранието изгласа укинување на техничката влада

А1он

Собранието ја одобри постапката за укинување на техничката влада

Горан Наумовски