Српската полицијата уапсила 24 лица под сомнение за злоупотреба својата службена положба, избегнати даноци и перење пари, при што заработила околу 27 милиони евра, откри министерот за внатрешни работи и лидер на СПС, Ивица Дачиќ во својата изјава за „Танјуг“.
Тие, како вели министерот за внатрешни работи, буџетот на Србија го оштетиле за пет милиони евра преку неплатени даноци и придонеси.
Полицијата трагала по уште едно лице од криманалната група која дејствувала во Белград, Врање, Ваљево, Шабац, Сремска Митровица, Крагуевац, Краљево и други места.
„Припадниците на оваа група го вршеле криминалот во периодот од почетокот на 2004 година до крајот на 2011 година. Имале регистрано свои фирми преку кои граѓаните на Србија и другите земји во регионот, Македонија, Босна, Албанија и Црна Горада се вклучувале во пирамидални здруженија на граѓани со плаќање од 2290 евра по член”, рече Дачиќ.
Според неговите зборови, тоа е сумата што ја плаќале, наводно, за обука и купување на книгата „Успешен пат”, а потоа требало да ја шират пирамидата.
Министерот посочи дека оваа акција е направена како дел од кампањата против корупцијата и даночните прекршоци, во соработка со Вишото јавно обвинителство во Белград и даночната полиција во споменатите градови.