Неготино објави оглас за доделување на општинска награда и признанија

Од:

Локална самоуправа Неготино објави оглас за доделување на општинска награда и признанија за заслужни неготинчани во општествениот живот, а по повод Денот на ослободувањето на градот за време НОБ, 8 Ноември.

– Наградата и признанијата се доделуваат секоја година како израз на највисоко општинско признание, што се доделува за посебни постигнувања во одредени области на поединци и институции од општината. Според одлуката, наградата и признанијата по повод 8 Ноември се доделуваат на поединци, претпријатија и други организации, установи, здруженија на граѓани и заедници чии дела, резултати во работењето и дејствувањето, придонеле за нивна лична и афирмација на општина Неготино, појасни портпаролот Методи Митрев.

Право на поднесување на кандидатури за добитници на наградата и признанијата имаат сите заинтересирани граѓани, претпријатија, установи, здруженија, месни заедници и групи граѓани, а крајниот рок за доставување предлози до архивата на општина Неготино е 23 октомври. Пристигнатите предлози најпрво ќе ги разгледа Комисијата за награди и признанија при општинскиот совет, а конечната одлука за добитниците ја донесуваат советниците во Советот на општина Неготино.

Наградите и признанијата на добитниците, градоначалникот на општина Неготино, Тони Делков ќе им ги додели на свечената седница, која ќе се одржи на 8 Ноември.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) СДСМ: Пазарот во Неготино од 17 тони железо прикажан како „урбана опрема“

А1он

Пијан маж од Неготино со украдено возило искршил рампи на наплатната станица „Виничани“

Полицијата уапси тројца крадци кои ограбиле фирма

Во Кавадарци и Неготино сопруги пријавиле физички напад и закана од сопрузите

Малолетник со метален предмет нападнал момче во Неготино

Од почит за Фросина и за Миле, Неготино ги откажа забавно-музичките настани