Изложба „Перуанска Амазонија“ во Куманово

Од:

„Перуанска амазонија“ е насловена изложбата на фотографии што вечерва ќе биде отворена во Уметничката галерија во Куманово. Изложбата ја организираат НУ Музеј Куманово и Почесниот конзулат на Перу во Македонија. На фотографиите е прикажана разноликоста на амазонските народи и нивниот хармоничен однос кон природата.

Фотографиите изработени од 17 уметници ги доловуваат автохтоните погледи на светот, засновани на разноврсните реалности, речиси без граници, со активни итеракции на живите битија во него, наместо поставување на крутите граници помеѓу природата и друштвото, човечкото и животнското, светото и профаното, како што е вообичаено во западните традиции.

– Ова е патувачка изложба која првин била презентирана во Белград, во Археолошкиот музеј во Скопје, сега ќе биде претставена во Куманово, а подоцна ќе замине за Ирска. На изложбата ќе присуствува и почесниот конзул на Перу во Македонија, Ненад Јаничевиќ, изјави вишиот кустос во Музејот, Анита Ѓорѓиоска, која ќе ја отвори изложбата.

Изложбата обезбедува обиколка на најразноликиот регион на Перу, бројните народи, нивните култури, обреди кои живеат во оваа земја.

Изложбата на фотографии во Куманово ќе биде поставена до 19 октомври, годинава.

Би можело да ве интересира

Со изложбата „Пет години КСП Центар – Јадро“, започна третото издание на Маалски фестивал

Во Утрехт изложба „5х10“, на дела на пет реномирани македонски фотографи

Изложба на мозаици „ Наследство во камен“ на Изет Зеќири

Горан Наумовски

Во Корча ќе се одржи промоција на македонски национални носии од Преспа

„Ретроспектива“ – самостојна изложба на Даме Затуровски

Изложба „Простор и тишина“ на Билјана Билбилоска