Републичка изложба на детски цртеж „11 Октомври“ ќе биде отворена денеска во 13 часот во библиотеката „Другарче“, во организација на Детскиот ликовен центар и покровителство на Министерство за култура.
За учество на републичката изложба пристинале 1460 ликовни творби од деца, изработени во повеќе ликовни техники.
Најуспешните дела ќе бидат претставени на изложбата, а на нивните автори ќе им бидат доделени дипломи.