Нови Сад: Претепани двајца Албанци, Вучиќ со остра осуда

Од:

Двајца албански тинејџери биле претепани во Нови Сад, по што едниот е во животна опасност.

Четворица непознати напаѓачи, во ноќта сабота спрема недела ги нападнале момчињата.

Од Клиничкиот центар Војводина соопштија дека обајцата се тешко повредени, но едниот е во критична состојба поради крварење во мозок и фрактура на ќереп.

Од здружението Матица на Албанци во Србија велат дека нападнатите не сториле ништо, освен што меѓусебе разговарале на албански јазик. Од таму аплеираат до надлежните што побрзо да се пронајдат сторителите и да се изнесат пред лицето на правдата.

Српскиот претседател Александар Вучиќ најостро го осуди нападот и порача дека сите граѓани на Србија мора да имаат еднаква заштита.

– Ние не сме дивјаци, ова е цивилизирана земја, порача тој.

– Како да барам од (генералниот секретар на НАТО) Јенс Столтенберг Србите да бидат заштитени во Косово, ако не сме во состојба да ги заштитиме граѓаните од други националности во нашата земја. Тоа мора да биде осудено на најостар начин, а сторителите мора најдрастично да бидат казнети, истакна Вучиќ.

Нападот го осуди и градоначалникот на Нови САД Милош Вучевиќ.

– Тоа не е Нови САД каков што ние го познаваме и тоа не е Србија каква што сакаме, истакна тој.

Би можело да ве интересира

Коџаџику: ДУИ „ги избриша“ Албанците во последниот попис на населението во 2021 година

Би-Би-Си: Британија им плаќа на албанските затвореници да се вратат дома

Осум Македонци се пишале Албанци за да се вработат во општина Куманово

A1on

Мајка си ги претепа своите две деца

Горан Наумовски

Албанските граѓани без виза ќе патуваат во Кина

А1он

Штајнмаер до албанските пратеници: Вашето срце чука за Европа, работете заедно успехот ќе дојде

А1он