Јордан Михајловски добитник на наградата „8 Октомври“

Од:

Професор доктор Јордан Михајловски е добитник на годинашната општинска награда „8 Октомври” која општината ја доделува по повод празникот на градот.

Наградата се доделува за особени достигнувања и творечки труд во изминатите четири децении во кои Михајловски работел како универзитетски професор, автор е на монографијата за Крива Паланка, на повеќе книги за историјата и културното наследство на градот, општествен работник и деец, а неодамна ја напиша и првата спортска монографија – историја на спортот во градот во изминатиот век.

– Ова не е обична награда, претставува необичен начин општината да ми возврати со љубов за мојот четири и пол децениски творечки труд. Има неколку пунктови кои мора да ги споменам за Крива Паланка од основањето до денес: Ремисијана во Римско време, Егри Дере во Турско, денес Крива Паланка, минувале војски и се менувале царства, се менува името,но не и идентитетот и јазикот. Благодарение на Јоаким Крчовски кој твори на наше поднебје, првите текстови се пишуваат на Кривопаланечко-Кратовско-Кичевско наречје. Крива Паланка била еден месец слободна во Турската империја, а Крушевската Република траела 10 дена. Во манастирот Св.Јоаким Осоговски се сублимира една духовно-творечка енергија, препознатлива и автентична до ден денес. Гледаме со глорификација на минатото, но, стоејќи денеска овде треба да размислуваме за иднината, зашто идните генерации деца стојат пред нас давајќи го најдоброто од нив, давајќи го срцето, запишувајќи се во аналите на кривопаланечката цивилизација. Овие млади нека бидат наша перјаница со која ќе се гордееме, рече Михајловски.

За почесен граѓанин на Крива Паланка е прогласен Семјуел Жбогар, амбасадорот на Европската унија во Македонија, пофалница за промоција и афирмација на општината доби Љупчо Николовски, Министер за земјоделство, шумарство и водостопанство, благодарница за посебни достигнувања во областа на науката, образованието и спортот добија: кошаркарот Андреј Јакимовски, пинг-понгарката Ана Стојановска, ученичката Лина Рангелова и средно општинско училиште “Ѓорче Петров”, Крива Паланка.

Би можело да ве интересира

Тешко повреден рудар од Крива Паланка

Во несреќен случај загина маж од Крива Паланка

Жена со здравствени проблеми нападнала негувателка, а потоа предизвикала пожар и починала

А1он

Пуштен патот Крива Паланка -Деве Баир, Николовски најави повеќе нови проекти

Предраг Петровиќ

Наум Поцев го фати чесниот крст од водите на Крива Река

А1он

Селото Дренак во кривопаланечко десетина дена е отсечено поради снегот