Започнува реконструкцијата на улицата „Стефан Јакимов Дедов“ во Буњаковец

Од:

Општина Центар преку соопштение до медиумите информира дека започнува со целосно реконструирање на улицата „Стефан Јакимов Дедов“, во близина на основното училиште „Јохан Хајнрих Песталоци“, зад „Буњаковец“.

„На улицата ќе се постави нова атмосферска канализација во должина од 80 метри и целосно ќе се замени стариот, оштетен и нефункционален долен строј. Заменет е и асфалтот со нов, со површина од 676 м и поставени се нови рабници од двете страни на тротоарот, со вкупна должина од 150 метри“, се наведува во соопштението.

Од општина центар додаваат дека со оваа реконструкција, се решаваат проблемите со инфраструктурата на граѓаните кои живеат во овој дел на Центар, а воедно, како што наведуваат со сервисирањето на улицата ќе се зголеми степенот на безбедност на пешаците и учениците кои посетуваат настава во ОУ „Ј.Х. Песталоци“, како и на останатите учесници во сообраќајот.

Би можело да ве интересира

Герасимовски: Во центар сигурно победуваме

Починат маж е пронајден во стан во Скопје, истрагата е во тек

Утре во „Матично“ трибина на Либералниот Институт за законски измени за заштита и посигурна иднина на животните

Прва работилница во Општина Центар од кампањата на „Макпетрол“ против врсничкото насилство

„Шанса за Центар“: Шверцерски вметнати нови објекти во ДУП-от за Стара железничка станица

Горан Наумовски

Утре во Скопје ќе има протест и марш, МВР со посебен сообраќаен режим

Горан Наумовски