Турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган изјави дека Турција повеќе нема намера да зема кредити од Меѓународниот монетарен фонд (ММФ).
– На денешна Турција не и се потребни заеми или техничка поддршка од ММФ, рече Ердоган.
Тој додаде дека темата земање кредити од ММФ е „затворена еднаш и засекогаш“.
Турција последните долгови кон ММФ ги подмири во 2013 година, а нови разговори на таа тема започна по падот на домашната валута – турската лира, во август, поради тензиите во односите со САД, откако Вашингтон ги воведе царинските давачки за увоз на челик и алуминиум од Турција.