Италија ги затвора своите аеродроми за авиони што без дозвола ќе носат мигранти

Од:

Италија ги затвора своите аеродроми за авиони што без дозвола ќе носат мигранти од Германија. Тоа го нагласи денеска италијанскиот министер за внатрешни работи Матео Салвини.

Со изјавата само дополнително се влоши спорот меѓу Италија и ЕУ за поделба на одговорноста за барателите на азил.

Весникот Република објави дека германската Агенција за бегалци испратила десетици писма до мигрантите со совети да се вратат во Италија со чартер летови.

Првиот таков трансфер е планиран за 9 октомври.

– Ако некој во Берлин или во Брисел планира да ни испрати десетици мигранти со неовластени чартер летови, тој мора да биде свесен дека нема да има аеродром што ќе биде на располагање, рече Салвини.

-Ние ги затвораме аеродромите исто како што веќе ги затворивме пристаништата, рече тој.

Официјални лица на аеродромот во Минхен изјавија дека баварските власти ја планираат првата депортација во Италија на мигранти кои пристигнале на германската граница, но првично се регистрирани во Италија.

Би можело да ве интересира

Автобуска несреќа во Германија: Најмалку двајца загинати, има многу тешко повредени

АфД ја именуваше Алиса Вајдел за свој кандидат за канцелар на претстојните избори

Протести против АфД во Германија, полицијата употреби солзавец против демонстрантите

Мерц: Да повторам, нема соработка со АфД

ВИДЕО: Со торта „нападнат“ поранешен германски министер

Две лица загинаа во престрелка во фабрика во Германија

Горан Наумовски