Сопругот на Тина Тарнер и донирал бубрег

Од:

Американската пејачка Тина Тарнер откри дека и била извршена трансплантација на бубрег, кој го донирал нејзиниот сопруг Ервин Бах.

Таа за случајот детали изнесува во нејзината нова автобиографска книга, која наскоро треба да се појави во продажба.

Пејачката посочува дека во 2016 година имала сериозни проблеми со бубрезите кои и биле само 20 отсто функционални.

Како што наведува 78-годишната Тарнер нејзиниот сопруг Ервин Бах ја изненадил со тоа што изразил желба да и донира бубрег.

Делови од книгата „Тина Тарнер: Мојата љубовна приказна“ објави „Дејли меил“, а до крајот на годината книгата треба да се појави во продажба во Велика Британија и САД.

Во книгата таа ги охрабрува луѓето да донираат органи со цел да спасат животи.

Би можело да ве интересира

Почина жената на која и беше трансплантиран бубрег од свиња

Новогодишната ноќ во Македонија полна со насилство: Девојки и сопруги тепани од своите партнери

А1он

Светски ден на бубрегот

Ана Ололовска

Здружението „Нефрон“ во посета на фирмата „Ронтис“ од Велес

Ана Ололовска

Едукативно предавање за органодарителство во Кочани

Ана Ололовска

Успешно извршена трансплантација на бубрег од жив донор, најавени уште три

Емир Латифовиќ