СДСМ: Пратениците од ВМРО-ДПМНЕ кои сакаат да сме во ЕУ и НАТО мора да дадат поддршка во Собранието

Од:

СДСМ повторно го повика раководството на ВМРО-ДПМНЕ и Христијан Мицкоски, како што велат, да престанат да шират измислици и лажни вести и јасно да кажат дали се за влез на Македонија во ЕУ и НАТО.

„Изборот е јасен или ЕУ и НАТО или изолација. Врвот на ВМРО-ДПМНЕ треба да каже за што е. Ако се ЗА ЕУ и НАТО сега е моментот кога треба да престанат со лажни вести и обидите да му обезбедат амнестија на Никола Груевски и да ги повикаат пратениците на ВМРО-ДПМНЕ да ја почитуваат волјата на граѓаните во Собранието. Оние пратеници од редовите на ВМРО-ДПМНЕ кои навистина сакаат да ја видат државата во ЕУ и НАТО, мора да преземат обврска, мора да ги продолжат процесите во Собранието“, соопштуваат од партијата.

„Членството во ЕУ и НАТО нема алтернатива. Над 600.000 граѓани упатија јасна порака дека се за иднина во ЕУ и НАТО и сите мора да ја почитуваме нивната одлука. Но ако пратениците на ВМРО-ДПМНЕ, ако раководството на партијата и Мицкоски одбиваат да го сторат тоа, тогаш неминовни се предвремени парламентарни избори, организирани веднаш. Македонија ќе стане членка на НАТО, а потоа и на ЕУ. Мицкоски нема да ја спречи волјата на граѓаните, нема да ја закочи иднината на Македонија“, додаваат од СДСМ.

 

Би можело да ве интересира

СДСМ: Народот гледа што договори Муцунски во Софија

СДСМ: Панче Тошковски ја пушти Михаилова, сè се работи под маса откако ВМРО-ОК е на власт

Предраг Петровиќ

Серафимовска-Борозан: Мицкоски ветува просечна плата од 1.000 евра, но не прифаќа минимална од 600 евра

СДСМ: Граѓаните се соочуваат со економски проблеми, а власта се повикува на анкети

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Филипче: Антифашизмот е нашиот темел, борбата за слободна и праведна Македонија е наша обврска

А1он

ФФМ под окупација, претворена во партиски штаб на ВМРО – ДПМНЕ, обвинува СДСМ