Кина сè уште молчи за исчезнувањето на шефот на Интерпол

Од:

Кинеските власти сè уште не се огласија за исчезнувањето на претседателот на Меѓународната криминалистичка полиција (Интерпол), Менг Хонгвеј, кој претходно беше помошник министер за јавна безбедност.

Медиумите во Хонгконг пренесуваат дека Менг е под истрага во Кина, додека неговата сопруга го пријавила неговото исчезнување на француските власти наведувајќи дека нема вести за него откако на крајот на септември отпатувал од Франција во Кина.

Се шпекулира дека Менг веднаш по слетувањето е одвезен во непознат правец.

Интерпол, чие седиште се наоѓа во Лион, кратко соопшти дека со тој случај се занимаваат надлежните органи во Франција и Кина. Организацијата додаде дека генералниот секретар Јирген Шток, а не Менг, е задолжен за организирање на секојдневните активности на Интерпол.

Засега не се знае дали Менг, кој е на чело на Интерпол од 2016 година, е под истрага за корупција. Кинескиот претседател Си Ѓинпинг во 2012 година почна кампања против корупција и од тогаш околу 1,5 милиони државни функционери се под истрага.

Би можело да ве интересира

Шведската полиција откри кинески брод во близина на можна саботажа на два кабли на Балтикот

На средбата со Бајден, Си оцени: Односите меѓу САД и Кина останаа стабилни

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Кина: Студент со нож убил најмалку осум лица

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Со автомобил влетал во толпа луѓе: 35 загинале, 43 се повредени

Суперсилите ги здружија силите: Кина и Русија договорија заедничко делување за стратешки прашања

(ВИДЕО) Во Кина автомобил влета во толпа пред стадион, има повредени