(ВИДЕО) Арсовски: Правосудниот систем се распаѓа

Од:

Правосудниот систем во Република Македонија се распаѓа, обвинува ВМРО-ДПМНЕ, од каде додаваат дека отфрлањето на кривичната пријава за оддавање службени тајни на советникот на Оливер Спасовски, Драган Симоновски, од страна на Јавното обвинителство е уште еден пример дека во Република Македонија нема правда и дека не се сите еднакви пред лицето на правдата. Според нив, за едни важат законите, за други не важат. Всушност законите не важат единствено за СДСМ и за власта, вели опозицијата.

„Откако судот народски кажано го „испра“ од криминал Зоран Заев за едно евро за вицето – скандалот, па потоа ја намали казната на нивниот градоначалник Боро Малборо кој беше фатен во шверц со цигари и еве сега уште еден преседан каде што за оддавање на службена тајна се отфрла кривична пријава на близок советник на Оливер Спасовски.

Сведоци сме дека Јавното обвинителство не само што не постапува по очигледните индиции за криминал, туку и онаму каде што веќе имало примена на пим мерки ги отфрла доказите против партиските јуришници на СДСМ. Се работи за класичен и еклантантен пример на заштита на криминалот и самоволието на блиските луѓе на Оливер Спасовски и Зоран Заев.

Отворено прашуваме дали некој во МВР прикрил дел од доказите и намерно ја саботирал и ја кочел истрагата за овој случај? По чија наредба го направил тоа и дали не е санкциониран само затоа што се работи за најблискиот соработник на Оливер Спасовски?

Зошто јавниот обвинител ги игнорира доказите за криминал за кои излезе и Оливер Спасовски уште при отворањето на случајот да каже дека има докази за неговиот близок соработник, дека одавал службени тајни?

Кој меша прсти и тера политика по мерка на СДСМ и Спасовски во јавното обвинителство во моментот за овој случај?“, вели потпаролот на партијата Димче Арсовски.

 

 

Би можело да ве интересира

Арсовски: Министерката што се срами и ја цензурира сопствената култура треба да си поднесе оставка

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Арсовски: Пендаровски сериозно го има совладано синдромот на ретерирање

Предлогот за видео надзор се однесува само за процесите кои не може да се дигитализираат, појасни Арсовски

Арсовски: СДСМ сака да украде 600 илјади евра преку маркетинг кампања

Арсовски: Можеа да изгласаат помош на стопанството кога гласаа доверба – одолговлекуваат затоа што Буџетот е празен

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Арсовски: МВР и Спасовски 24 часа молчат за инцидентите во Струмица, град кој стана како дивиот запад