Надзорник во затвор фатен како зема поткуп од затвореник

Од:

Секторот за внатрешни работи Штип до Основното јавно обвинителство Штип поднесе кривична пријава против Б.Б.(30) од Штип поради постоење основи на сомнение дека сторил кривично дело примање поткуп.

„Пријавениот вработен како службено лице надзорник во Казнено поправен дом Штип во текот на месец септември годинава од осудено лице побарал парични средства во износ од 150 евра за да внесе приватен мобилен телефон на осуденото лице иако од страна на директорот на Казнено поправниот дом Штип имало Наредба со која строго се забранува внесување и користење на мобилни телефони од страна на осудени лица“, велат од МВР.

Тие додаваат дека осуденото лице пријавило кај директорот дека Б.Б. секојдневно вршел притисоци врз него за да му носи разни производи и да му дава парични средства, по што случајот е пријавен во МВР.

„На 05.10.2018 година пријавениот примил 150 евра од осуденото лице, банкноти кои претходно биле крим технички обработени, по што веднаш е лишен од слобода“, додаваат од МВР.

Судија на претходна постапка на Б.Б. му изрекол мерка притвор од 30дена.

Би можело да ве интересира

Tурчин кој одлежувал казна во „Идризово“ починал во болница

Градежна инспекторка од Куманово побарала поткуп од 4.000 евра

45-годишен осуденик од Велес починал во затворот „Идризово“

Лишен од слобода возач на автобус од Тетово поради нудење поткуп

Затвореник од „Идризово“ со пиштол му се заканувал на познаник

ВИДЕО: За да не му напишат казна побарале да ги почасти, полицајци снимени како земаат поткуп

Катерина Ѓуровски