КФОР му одговори на Дачиќ: Нема да се нападнеме себе си

Од:

Портпаролот на меѓународните сили во Косово (КФОР), Винченцо Грасо ги отфрли како нелогични тврдењата на министерот за надворешни работи на Србија, Ивица Дачиќ, дека, наводно, западните сили се подготвуваат за напад во северниот дел на Косово, јави дописникот на МИА од Приштина.

– Треба ли да се подготвуваме да се нападнеме самите себе? изјави Грасо за порталот „Газета Експрес“.

Тој додаде дека трупите на КФОР се постојано присутни и ја следат ситуацијата во четирите оштини во северно Косово, населени со мнозинско српско население.

– КФОР дејствува повеќе од 19 години во цело Косово без ограничувања. КФОР е постојано присутен и во северно Косово со камп во близина на Лепосавиќ и со набљудувачки патроли во четири општини, во северна Митровица, Зубин Поток, Звечане и Лепосавиќ, изјави Грасо.

Шефот на српската дипломатија, Дачиќ, вчера изјави дека постои опасност косовските безбедносни сили, „со поддршка на западните земји“, да организираат акција во северно Косово, со цел „да ги постават границите меѓу Србите и Албанците“.

Портпаролот на КФОР, Грасо, одби да ги коментира наводите во српските медиуми по изјавата на Дачиќ, дека доколку некој од Србија, „поради било каква причина“ се обиде да интервенира во Косово, „ќе се соочи со силите на КФОР во отворена војна“.

– Немаме сознанија за такви ставови изразени во медиуми, изјави Грасо за приштинскиот портал.

Би можело да ве интересира

Нов пограничен инцидент помеѓу Косово и Србија

Османи: Гледаме многу загриженост кај Албанците во Македонија во однос на правата стекнати со Охридскиот договор

УЕФА донесе одлука за прекинатиот натпревар меѓу Романија и Косово

Курти: Косово и Македонија немаат несогласувања, ние сме соседи, пријатели и партнери

Катерина Ѓуровски

Мицкоски пристигна во Косово, во тек меѓувладината седница

Катерина Ѓуровски

Заедничка седница на владите на Северна Македонија и на Косово во Приштина