Кусиот кафе-разговор меѓу Заев и Спираки и натаму предизвикува реакции во Грција

Од:

Наводната средба меѓу европратеничката и портпаролка на Нова демократија, Мариа Спираки, со македонскиот премиер Зоран Заев во Брисел и натаму е во фокусот на вниманието во Грција, пред се преку соопштенија од кабинетот на грчкиот премиер и обвинувања до опозициската партија.

Дека Спираки се сретнала со Заев беше објавено во стенограмите од лидерските средби во Македонија, а портпаролката на Нова демократија тврдеше дека случајно се сретнала со македонскиот премиер.

Како што јави дописничката на МИА од Атина, од кабинетот на Ципрас, велат дека тајни средби имало, по наредба на Мицотакис.

– Вчера Нова демократија не најде збор да каже за тоа што беше откриено дека од премиерот на ПЈРМ побара да не бара решение со денешната влада, туку во подоцнежна фаза, ако Мицотакис дојде на власт, за предизбирно да не се подели Нова демократија. Денес се открива дека “случајното кафе” на портпаролката на Нова демократија било договорено до последен детаљ од дипломатската канцеларија на Нова демократија, а средбата не била толку „случајна”, туку била во хотелот „Courtyard by Mariott Brüssels” каде што престојуваше официјалната делегација на Зоран Заев, соопштуваат од кабинетот на Ципрас, од каде што преку соопштение реагираа и вчера, додека пак од Нова демократија нема никаков одговор.

Кога беа објавени стенограмите од лидерските средби, Мариа Спираки, за грчките медиуми тврдеше дека случајно додека одела на кафе во Брисел, го сретнала македонскиот премиер.

Од македонската влада велат дека немало официјално закажана средба меѓу македонскиот премиер Зоран Заев и госпоѓа Мариа Спираки, или кој било друг член на грчката опозиција. За време на својот престој во Брисел, минатата година, премиерот Заев и Спираки имале кус кафе разговор, како што тој има со многу пратеници од Европскиот Парламент или со политичари од различни земји, за време на своите посети на Брисел, наведуваат владини извори во Скопје.

Би можело да ве интересира

Забрана за сообраќај на возила на грчките острови Парос и Миконос поради поплави и силно невреме

А1он

Четири опозициски партии доставија барање за гласање недоверба на грчката Влада

А1он

(ВИДЕО) Грција е целосно парализирана: Има судири, летаат солзавци и молотови коктели

Горан Наумовски

Нова демократија: Продолжуваат нападите врз партијата

А1он

Живеат над 90 години и не знаат за деменција – жителите на грчки остров пијат чај секој ден

А1он

ВМРО-ДПМНЕ: Додека ја крадеа државата СДС, Заев и Ковачевски потрошиле и 280 илјади евра за фејсбук реклами

Катерина Ѓуровски