Фазлиу: Решени сме да успееме во процесот на интеграција во ЕУ

Од:

Колку подлабоко навлегуваме во процесот на интеграција, како земја, стануваме поискусни, нашите потенцијали и амбиции растат, што веројатно е случај и со другите земји-кандидати за членство во Европската унија. Ние сме решени да успееме.

Ова денеска го истакнал министерот за локална самоуправа Сухејл Фазлиу, кој учествува на дводневната конференција „Денови на регионален развој и ЕУ фондови“, што се одржува во Шибеник, Република Хрватска.

Како што информира Министерството за локална самоуправа, во присуство на надлежни претставници на Чешка, Бугарија, Унгарија, Полска, Романија, Словенија, Словачка и на Малта, Фазлиу се осврнал на актуелните состојби во Република Македонија и на цврстата определба на Владата за членство во Европската Унија и во НАТО.

Министерот Фазлиу ја истакнал важноста за вклученоста на Република Македонија во регионалната политика на ЕУ заради нејзиното директно влијание врз создавањето работни места, поттикнувањето деловната конкурентност, економскиот раст и одржливиот развој што треба да резултира со подобрен квалитет на живеење за сите граѓани.

– Повеќе од 100 милиони евра од ЕУ и националнотото кофинансирање обезбедено од Владата на Република Македонија, претставуваат добра основа за поттикнување на релевантните субјекти да ги мобилизираат нивните капацитети, идеи и партнерства во решавањето на различните потреби за развој на регионите. Ние сме свесни дека ова е само капка во море во однос на можностите што ни се отвараат со нашето членство во Унијата, нагласил Фазлиу.

Организатор на конференцијата „Денови на регионален развој и ЕУ фондови“ е Министерството за регионален развој и ЕУ фондови на Хрватска. Конференцијата треба да послужи како платформа за размена на информации и добри пракси меѓу земјите, националните и локалните власти и другите корисници на фондовите на Европската унија.

Би можело да ве интересира

ЛДП предлага отповикување на градоначалници и широка расправа по однос на Законот за локална самоуправа

ВМРО-ДПМНЕ: Локалната самоуправа има три пати повеќе доверба од народот за разлика од власта

Пенов: Со изградба на стационар Владата го решава проблемот со бездомните кучиња во девет општини во Вардарскиот регион

Ана Ололовска

Пенов: Не сме задоволни од ангажманот на општините во прибирањето на сопствените средства

Ана Ололовска

Пенов: Со барањето за „заедница на албанските општини“ некој сака да лови политички поени

Ана Ололовска

Димитровски поднесе оставка од функцијата заменик-министер за локална самоуправа

Ана Ололовска