Уметници од Македонија од денеска до недела ќе ја изразат својата креативност на различни локации низ Струга на првиот фестивал на муралот „Мурал фест Струга“.
Организатор на настанот е ликовниот уметникот и професионален фотограф, стружанката Кристина Затуровска во соработка со здружението „Силинг арт“ од Гостивар
– Направивме нов вид фестивал со кој би сакале да ги привлечеме младите телентирани уметници да бидат дел од модерната историја на градот со тоа што малите и тесни улички, кои имаат различни приказни би ги претвориле во урбани и забавни, вели Затуровска,
Целта, според неа, е разубавување на градот и добивање нов лик. Тоа, смета, ќе ја зголеми туристичката понуда, аСтруга да прерасне во град на уметност, град кој ќе ги забавува и инспирира луѓето од сите возрасти
– Сакаме да направиме една нова поинаква слика за Струга. Туристите кога ќе дојдат во Струга, покрај во природните убавини да можат да уживаат и во убавата архитектура, изјави Затуровска за МИА, појаснувајќи дека ќе цртаат на приватни куќи и јавни објекти.
Во рамките на фестивалот, в недела, во Паркот на поезијата ќе се одржи детска работилница за цртање пропратена со забава и музика.
„Мурал фест Струга“ е дел од проектот „Нов културен бран“, поддржан од Министерството за култура на Република Македонија.