Министерот за локална самоуправа Сухејл Фазлиу денеска и утре ќе учествува на конференцијата „Денови на регионален развој и ЕУ фондови” што се одржува во Шибеник, Република Хрватска.
Фазлиу ќе има обраќање во рамки на првата панел дискусија заедно со колегите од Чешка, Бугарија, Унгарија, Полска, Романија, Словенија, Словачка и Малта.
Организатор на Конференцијата е Министерството за регионален развој и ЕУ фондови на Хрватска.
Конференцијата треба да послужи како платформа за размена на информации и добри пракси меѓу земјите корисници, националните и локалните власти и другите корисници на фондовите на ЕУ.