ХМД Глобал го промовираше наследникот на Нокиа 7

Од:

ХМД Глобал денеска во Лондон,го презентираше наследникот на Нокиа 7 – Нокиа 7.1.

Смартфонот од средната ценовна класа има тежина од 159 грама и дебелина од околу осум милиметри, Нокиа 7.1 има 5,84 инчен ИПС ЛЦД екран со резолуција од 1080х2244 пиксели и сооднос на страните од 19: 9. Чипсетот е Снепдрагон 636 со 3 гигабајти РАМ и 32 гигабајти простор или 4 гигабајти РАМ и 64 гигабајти простор.

Главната камера е двојна со сензори од 12 мегапиксели + 5 мегапиксели и поддржува 4К видео снимање, како и ХДР слики и видеа. Сепак, Нокиа мора да ја заштити својата репутација во мобилната фотографија, па предната камера е со осум мегапиксели.

Оперативниот систем е фабрички Андроид 8.1. Ова обезбедува две години комплетни софтверски надградби и уште три години безбедносни надградби.

Цените во Европа ќе почнат од околу 299 евра за три гигабајти РАМ/32 гигабајти РОМ верзија и ќе достигне 349 евра за четири гигабајти РАМ и 64 гигабајти РОМ верзија. Датумот на лансирање е закажан за 17 октомври во Велика Британија и преднарачките започнуваат од утре.

Би можело да ве интересира

Нокиа се повлекува од Русија

Познавачите предвидуваат: Паметните телефони ќе исчезнат за 10 години

Ана Ололовска

Дајмлер се согласи да и плати на Нокиа за користење на патентите

Ана Ололовска

Нокиа планира намалување на 10.000 работни места

Ана Ололовска

„Волстрит џурнал“: САД сакаат вештачки да ја зголемаат конкуренцијата со „Хуавеј“

Ана Ололовска

Вестагер: Нокиа и Ериксон да одговорат дали се за продажба

Предраг Петровиќ