Јункер: Да се справиме со тесноградиот национализам додека има време

Од:

Претседателот на Европската комисија, Жан-Клод Јункер денеска ги повика земјите членки на ЕУ на борба против „тесноградиот национализам, додека се уште има време“.

– Треба да се мобилизираме пред опасноста што доаѓа од екстремната десница, на која патот и го трасираат безумниот популизам и тесноградиот национализм, изјави Јункер при обраќање во Виена на свеченост по повод стогодишнината од создавањето на Република Австрија.

Осврнувајќи се на подемот на нацизмот во 30-те години на минатиот век, Јункер порача дека почучена од тоа искуство, Европа треба да ги спречи појавите на популизам и национализам „додека се уште има време“.

– Треба да водиме дебати, дискусии и да изнесуваме аргументи, а не да се правиме дека тие појави не постојат. Треба да се потсетиме дека демократијата бара битка, бунт и посветеност, во позитивна смисла на зборот, порача Јункер.

Би можело да ве интересира

Повеќето Британци сакаат да се вратат во ЕУ

Франција ја нуди својата војска за одбрана на Гренланд од Трамп

А1он

Трамп вети дека ќе воведе царини за Европската Унија и Кина

Горан Наумовски

Хабер: ЕУ мора да биде подготвена за царинска војна со САД

Фицо не исклучува можност од излегување на Словачка од ЕУ и НАТО

Европската унија би можела да испрати воени трупи во Украина

А1он