(ВИДЕО) Стоилковски: Богојески е сменет поради неисполнување на партиските обврски

Од:

Заменик генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ Петар Богојески е разрешен на синоќешниот состанок на Извршниот комитет поради неисполнување на партиките обврски и задачи вели партискиот портпарол Наум Стоилковски. Тој не сакаше да одговори дали истото ги чека и потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Митко Јанчев и реформаторот Костадин Богданов како членови на ИК кои гласа на референдумот.

– Како и во секоја партиска структура секој кој има функција, има задолженија и обврски. Разрешен е заради несработување на тоа што му беше задача. Инсинуации се дека Богојески е тргнат заради негов став. Неговите обвинувања се негов став, а тоа што е сработено, а што не е сработено, се оценува од партиските тела, рече Стоилковски.

Во однос на можно тајно гласање во Собранието за уставни измени, Стоилковски вели декa ВМРО-ПДМНЕ дека нема да прифати промена на Уставот за промена на уставното име.

– Сега сме на став дека референдумот е неуспешен, што е констатирано и од страна а на ДИК. Договорот е неважечки , не може да има правни псоледици. Менување на Уставот е правна последица, а народот рече не. Заев и извршната власта и секоја друга институција треба да ја почитува волјата на над еден милион и 200 илјади граѓани, порача Стоилковски.

Стоилковски не одговори конкретно зошто ВМРО-ДПМНЕ ги игнорира препораките на меѓународната заедница- да не се игнорира волјата на над 600 илјади граѓани кои гласаа ЗА на референдумот и процесот да продолжи во Собранието.

– Како да се почитува волјата на народот, а да продолжи процесот во Сбранието? Ние не ги игнорираме, тоа се пријатели на Македонија и тие сакаат што побрзо да влезе евроатлантските инстиуции, но кршењето на Уставот и закони не е европска вредност, рече партискиот портпарол.

Галена Николовска-Ризвановиќ

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Филипче: Ќе бега ли сега Груевски во Русија, кога ќе има барање за екстрадиција

Левица: ДПМНЕ ја блокира специјалната Анкетна комисија за Кочани, модуларната болница, „Беса транс“ и „Дурмо турс“

Манасиевски: ПР политиките на Башановиќ, ги сместија Филипче и СДС на рејтинг помал од 5%

Манасиевски: Законот важи за сите, нема ВМРО-ДПМНЕ, СДС, и Вице и Зоран Заев ќе одговараат

Кузеска: „Платформа за рушење на СДСМ од внатре“, осмислена од ВМРО

Жерновски вели дека Мицкоски многу лаже, ВМРО-ДПМНЕ го нарече измеќар, неуспешен политичар и дипломат

Катерина Ѓуровски