(ВИДЕО) Арсовски: Вработени во МВР незаконски основаат агенција за обезбедување

Од:

„Партиски обезбедувачи на Зоран Заев и СДСМ, вработени во МВР, а дел од нив и бивши осуденици незаконски и надвор од секоја процедура основаат агенција за обезбедување.

Агенцијата „Код Секјурити Груп“ ДООЕЛ од Струмица, која е формирана од страна на Александар Трајков, долгогодишен личен бодигард на Заев, Николчо Колев и Стево Трајков, од Струмица, вработени во МВР како и Лазо Котуровиќ, повеќекратен осуденик за насилство и тешки телесни повреди е новата параполициска структура на власта и на СДСМ која треба да биде дел од подземјето и да врши рекет, уцени, закани, како и политички притисоци се со цел доведување на политички резултати во корист на СДСМ, Заев и Оливер.

Според Правилникот за работење на работите и дејностите што се во судир со полициските работи, агенција за обезбедување не може да биде формирана од страна на лица вработени во МВР, и од тука се поставува прашањето дали и како Оливер Спасовски потпишал дозвола за работа на агенцијата за обезбедување „Код Секјурити Груп“, каде двајца од четворица основачи се вработени во МВР?“, праша Димче Арсовски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.

„Од фотографиите кои се објавени на социјалните мрежи се гледа дека лицата се дел од агенција за приватно обезбедување, со официјални маици и лого на агенцијата.

Оливер Спасовски мора да одговори, дали свесно и покрај тоа што постои законска пречка потпишал дозвола за работа на агенцијата за обезбедување „Код Секјурити Груп“ од Струмица?

Спорен момент во врска со функционирањето на агенцијата доаѓа и од Комората за приватно обезбедување на Република Македонија, каде сите агенции кои имаат добиено дозвола за работа од МВР се објавени на нивната интернет страница. Помеѓу објавените агенции, не е и агенцијата „Код Секјурити Груп“ од Струмица.

Неофицијалните информации говорат дека зад целата банда на „Код Секјурити Груп“ стои братот на Зоран Заев, Вице Заев, кој треба да раководи со агенцијата и да ја контролира и поради тоа е дозволено целото беззаконие што ни се случува.

Оливер Спасовски мора да одговори, дали и како потпишал дозвола за работа на агенција за обезбедување, што согласно закон немал право да го направи истото? Доколку агенцијата нема дозвола за работа, како истата работи и зошто нивни лица се шетаат низ Струмица во работни униформи, дали се заплашува можеби јавноста или нелегално се извршува дејност за која што не смеат да ја извршуваат.

Оливер Спасовски не смее да бега од одговори, и мора да им одговори на граѓаните“, изјави Димче Арсовски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

Манасиевски: Скандалот со водата во Гостивар е последица на децениска негрижа на локалната власт која ја предводи СДС, заедно со ДУИ и Таравари

Катерина Ѓуровски

За пет часа полицијата уапси 13 моторџии – одземени се пет мотоцикли

А1он

МВР предупредува за нов бран измамнички СМС пораки од „Безбеден град“

А1он

Манасиевски: Тоа што не се донесе Изборниот законик е показател за тоа дека СДС, Левица и ДУИ, кога имаат можност ќе го блокираат напредокот на државата

СДСМ: Над два милиони евра завршиле кај „Маратон“ и уште една фирма блиска до ВМРО

МВР го најде во Скопје Цуната кој и избега на полицијата во Кочани преку прозорец

Катерина Ѓуровски