ВИДЕО: Фер-плеј потег на порториканските одбојкарки

Од:

Сите одбојкарки на Порторико по поразот од Србија утринава во 5.коло на Светското првенство, отидоа да ја поздрават и да и дадат поддршка на повредената од спротивниот табор Бојана Миленковиќ.

Незгодата на Миленковиќ се случи во вториот сет кога при еден доскок го повреди коленото и најверојатно за неа Мундијалот заврши.

Конечниот резултат е 3-0 за српската селекција. По сетови: 25:23, 25:17 и 27:25.

Светското одбојкарско првенство за жени се одржува во Јапонија од 29 септември до 29 октомври.

Би можело да ве интересира

Одбојкарите на Струмица поразени во првиот натпревар во Лигата на шампиони од Олимпијакос

Србија и Хрватска заеднички организатори на Светско првенство

Предраг Петровиќ

Италијанските одбојкарки го освоија златниот медал на Олимписките игри во Париз

Француските одбојкари ја совладаа Полска и го одбранија златниот медал

Српската репрезентативка преживеала пекол: Прво ја нападнале со ножеви, па и ставиле пиштол на глава

Предраг Петровиќ

Нов инцидент во Турција: Одбојкарки однесени во болница по нападот на навивачите

Предраг Петровиќ