Забележано зголемено полициско присуство пред домот на Фетулах Ѓулен во САД

Од:

Полициските сили го испитуваат инцидентот пред домот на најбараниот турски државјанин, Фетулах Ѓулен, во Пенсилванија, потврди полицијата, а објави новинската агенција „Ројтерс“.

Некои американски медиуми објавија дека е забележано силно полициско присуство пред комплексот во кој живее Ѓулен.

Иако во моментот нема официјални информации за каква полициска операција станува збор, некои од тамошните медиуми велат дека полицијата била во потрага по маж што бил облечен во црно и со себе носел пиштол.

Фетулах Ѓулен од страна на Турција е обвинет за издавање и организирање на неуспешниот државен удар во Турција за соборување на актуелниот претседател Реџеп Таип Ердоган, а Ѓулен ги отфрли овие наводи.

Би можело да ве интересира

Стејт департментот потврди: Бринк ја напушта Украина

Иран попушти: „Ќе преговараме со главниот непријател“

Кина ги зголеми царините за американскиот увоз на 125 отсто

Горан Наумовски

Си Џинпинг: Кина не се плаши и нема да попушти пред неправедната репресија

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Кина гради многу воени бродови со неверојатна брзина, Пентагон е во шок

Хегсет за преместувањето на американските бомбардери на Блискиот Исток: Иран нека сфати каква е пораката