Заврши поставувањето детски реквизити и урбана опрема во четири села во општина Неготино

Од:

На иницијатива на градоначалникот на општина Неготино Тони Делков, локалната самоуправа во изминатиот период реализираше активности за набавка и монтажа на нова урбана опрема и детски реквизити, како и поправка на постоечките во дел од населените места во неготинска општина.

Како што информираше денеска Методи Митрев, портпарол во општината, со градежните активности беа опфатени набавка на материјали и поправка на постоечката урбана опрема и поставување на детски реквизити, како и обновување на подлогата на која тие се лоцирани.

– Согласно проектот, нова урбана опрема и детски реквизити се поставувени во 4 села во општината и тоа во Дочни Дисан, Војшанци, Дуброво и Криволак и со истите на локалното население, а посебно на најмладите сограѓани, им се создадени услови во одмор и релаксација да поминуваат дел од своето слободно време, соопшти Митрев.

Би можело да ве интересира

Мртов маж е пронајден во близина на Неготино

Миле Тодоров од Неготино е исчезнат во јануари, виден e кај планината Серта

А1он

СДСМ за скандалот во Неготино: Пет пати повисоки цени за пазарот, институциите мора да реагираат

(ВИДЕО) Костовски: Скандал во Неготино, пет пати поскапи цени од реалните: Пазар од злато или пари во џеб?

(ВИДЕО) СДСМ: Пазарот во Неготино од 17 тони железо прикажан како „урбана опрема“

А1он

Пијан маж од Неготино со украдено возило искршил рампи на наплатната станица „Виничани“