ФИФА денеска изнесе суспензија на 13 играчи и тренери со времетраење од пет години до доживотно поради местење на натпревари во Хрватска и во Јужна Кореја.
Хрватскиот тренер Винко Шака, како и играчите Марио Дармопил и Даниел Мадариќ, исто така добија доживотна суспензија.
Тие се прогласени виновни за местење на натпревари од Првата хрватска лига во сезоната 2009/10 година.
Поранешниот јужнокорејски интернационалец Ким Донг Хјун доби доживотна суспензија, додека неговиот заменик Чои Сунг Кук заработи пет години.
Суспендираните играчи учествувале во местење натпревари од првата лига на Кореја и домашниот куп.