Одобрена нова употреба на „Авастин“ во комбинација со хемотерапија

Од:

Швајцарската фармацевтска компанија „Рош“ објави дека американската Агенција за храна и лекови (ФДА) одобрила нова употреба на лекот „Авастин“ во комбинација со флуоропиримидин-иринотекан или хемотерапија базирана на оксалиплатин за пациентите со колоректален карцином, соопшти денеска Претставништвото на компанијата во Скопје.

Новата индикација, како што се наведува, ќе им овозможи на пациентите кои примаат „Авастин“ и хемотерапија кој вклучува иринотекан или оксалиплатин како прволиниски третман за метастатски колоректален карцином, да продолжат да примаат „Авастин“ со различна хемотерапија која содржи иринотекан или оксалиплатин откако нивниот карцином ќе прогредира (втора линија на третман).

Според главниот медицински директор и директор на Глобалниот оддел за развој на лекови Хал Барон, голем дел од пациентите дијагностицирани со метастатски колоректален карцином, примаат „Авастин“ со хемотерапија како прволиниски третман. Овие пациенти, посочува таа, сега имаат опција да продолжат со „Авастин“ плус нова хемотерапија откако нивниот рак ќе прогредира, што ќе им помогне да живеат подолго отколку само да ја променат хемотерапијата.

„Авастин“ во комбинација со флуоропиримидин-иринотекан или оксалиплатин базирана хемотерапија е сега индициран за второлиниски третман на пациенти со метастатски колоректален карцином кој прогредирал по прволиниски третман кој содржел „Авастин“. Одобрувањето е базирано на позитивните резултати од студија, кои беа презентирани на годишниот состанок на Американското здружение за клиничка онкологија во 2012 . Резултатите покажаа дека пациентите кои ќе продолжат да примаат третман базиран на „Авастин“ по прогресијата живеат подолго од пациентите кои само ја смениле хемотерапијата.

„Авастин“ е единствениот биолошки лек одобрен од американската Агенција за храна и лекови (ФДА) за третман на пациенти со метастатски колоректален карцином во комбинација со интравенска хемотерапија базирана на 5ФУ (5- флуороурацил) како иницијален третман, за третман на пациенти чиј карцином прогредирал по прволинискиот третман само со хемотерапија, а сега и за третман на пациенти чиј рак прогредирал после прволинискиот третман со терапија базирана на „Авастин“. Ова е трето одобрување на „Авастин“ кај метастатски колоректален карцином базирано врз подобреното вкупно прежувување. „Авастин“ не е индициран за адјувантен третман на колоректален карцином.

„Авастин“ е одобрен во Европа во комбинација со флуоропиримидин базирана хемотерапија за третман на возрасни пациенти со метастатски карцином на колон или ректум. Европските информации за лекот беа ажурирани врз основа на позитивните резултати од студија со датум на имплеметација 12 декември, 2012 година, овозможувајќи им на пациентите со метастатски колоректален карцином кои примаат „Авастин“ плус хемотерапија како прволиниски третман да продолжат да примаат „Авастин“ плус хемотерапија откако нивниот карцином ќе прогредира како второлиниски третман.

Ризикот од смрт бил намален за 19 проценти кај пациентите кои примале „Авастин“ во комбинација со стандардна хемотерапија во прва и втора линија на третман споредено со оние кои примале само хемотрепија. Средното вкупното преживување е 11,2 месеци наспроти 9,8 месеци. Ризикот од карциномот да прогредира или од смрт (преживување без прогресија, ПБП) бил редуциран за 32 проценти. Средното ПБП (преживување без прогресија на болеста) е 5,7 месеци наспроти 4,1 месец. Нема значајни разлика во стапката на одговор помеѓу двете третмански групи.

Би можело да ве интересира

Исхрана и плодни денови – како одредена храна може да ги зголеми или намали шансите за зачнување

Катерина Ѓуровски

Во ЕУ годишно умираат 10.000 луѓе бидејќи не вежбаат доволно

Ана Ололовска

М-р по фармација Славица Тодоровска од „Хемофарм“ советува: Запекот мора да се лекува

Ана Ололовска

Природата во градот ја намалува осаменоста

Ана Ололовска

Кафето, алкохолот и месото се штетни за бубрезите

Ана Ололовска

Откриен досега непознат дел од човековата вилица

Ана Ололовска