„Киненова“ неофицијално почнува со „Исцелител“ и норвешкиот „Изборот на кралот“

Од:

Третиот Меѓународен фестивал на дебитантски филм „Киненова“, кој ќе се одржува од 5 до 10 октомври, денеска неофицијално ќе почне со проекција на филмот „Исцелител“ на Ѓорче Ставрески од 18 часот во кино „Фросина“. Од 20 часот во „Фросина“ ќе биде прикажан и „Изборот на кралот“ – филм од Норвешка, која годинава е земја во фокусот на фестивалот.

Филмот е снимен во 2016-та во режија на Ерик Попе, меѓу најпознатите во Норвешка. Базиран е на вистинска приказна за трите драматични денови во април 1940-та, кога на кралот на Норвешка му е даден незамислив ултиматум од германските воени сили: Да се предаде или да умре! Кралот Хакон ја донесува својата одлука – одбива да капитулира, иако тоа може да го чини неговиот живот и животите на многу Норвежани. Норвешката кинематографија на фестивалот ќе биде претставена со уште четири филма.

„Киненова“ официјално ќе почне в петок со премиера на македонскиот „Ругање со Христос“ – дебитантски игран филм на режисерот Јани Бојаџи. Филмот е меѓу осумте во натпреварувачката селекција на фестивалот, кој под мотото „Првиот никогаш не се заборава“ ќе се одржува од 3 до 12 октомври. Покрај овој филм, во официјалната селекција се уште пет филма од Европа, еден од Иран и еден од Перу.

Организаторите на „Киненова“ соопштија дека концептот на фестивалот е да им се даде простор на храбри автори-дебитанти кои се зафатиле со теми кои во некои земји се игнорирани и ставени на страна, а нивните автори третирани како неподобни.

Би можело да ве интересира

Асемина Проедру и Елеонора Венинова го отворија 8. издание на МФФ Киненова

Современата ирска кинематографија прв пат на репертоарот на „Киненова“

Филмскиот фестивал „Киненова“ завршува вечер, ќе бидат доделени наградите

Ана Ололовска

Свечено отворање на шестото издание на фестивалот „Киненова“

Ана Ололовска

Мето Јовановски добитник на наградата за особен придонес во филмската уметност на „Киненова“

Ана Ололовска

Валчанов, Балчус и Ангелов во жири на „Киненова“

Ана Ололовска