СДСМ: Нервоза во врвот на ВМРО-ДПМНЕ

Од:

„Нервоза во врвот на ВМРО-ДПМНЕ, заглавени во барањето амнестија за Груевски прогласија над 600.000 граѓани за нерелевантни

Нервозните реакции на раководството на ВМРО-ДПМНЕ покажуваат дека опозициската партија се уште е заглавена во поразената матрица на Никола Груевски и барањето амнестија за криминалот.

Фокусирани на барање амнестија, Христијан Мицкоски и раководството на ВМРО-ДПМНЕ целосно го загубија правецот на делување и недозволиво омаловажија над 600 илјади граѓани, прогласувајќи ги за нерелевантни.

Нема ништо порелевантно од волјата на над 600.000 граѓани.

Граѓаните се најважни!

Волјата на граѓаните на референдумот е јасно изразена, граѓаните се за иднина на Македонија во ЕУ и НАТО.

Над 600.000 граѓани кажаа дека се ЗА напредок и интеграција.

Сите пратеници, сите политички партии треба да ја почитуваат волјата на мнозинството граѓани и треба да се вклучат во процесите за членство во ЕУ и НАТО“, се вели во соопштението на СДСМ.

Би можело да ве интересира

Манасиевски: Законот важи за сите, нема ВМРО-ДПМНЕ, СДС, и Вице и Зоран Заев ќе одговараат

СДСМ: Цените растат, а Владата на Мицкоски не прзема ништо – профитира бизнисот на ВМРО

СДСМ: Власта да ги прифати законските решенија за намалување на цените

Кузеска: „Платформа за рушење на СДСМ од внатре“, осмислена од ВМРО

Шилегов му одговори на Филипче: Во СДСМ нема кој да го прочита статутот

Катерина Ѓуровски

Филипче обвини дека Петре Шилегов одработува за ВМРО

Катерина Ѓуровски