Пратениците од владеачкото мнозинство не сакаат да се убедуваат со опозицијата, туку да одат на избори

Од:

Парламентарното мнозинство е порасположено за предвремени избори наместо да се водат преговори со опозициските пратеници и да се убедуваат да гласаат за уставни измени во согласност со договорот од Преспа. Охрабрени од повеќе од 600 илјади гласа „за“ на референдумот, некои од пратениците од владејачкото мнозинство за „А1он“ велат дека постои подготвеност уште веднаш, односно до крајот на неделата да се распишат избори, на кои очекуваат да освојат повеќе пратеници и да се загарантира двотретинско мнозинство во Собранието.

Другата опција за која се размислува е спроведување тајно гласање во парламентот, со заокружување гласачко ливче „за“ или „против“. Според Деловникот на Собранието ,тајното гласање може да се спроведе по предлог на претседателот на Собранието или на еден пратеник, чие барање го поддржуваат десет пратеници. Со таквото гласање во јавноста се соопштува само резултатот од гласањето, а не и податокот кој пратеник како гласал. Двете алтернативи, сепак, ќе го чекаат исходот од преговорите што ги најави премиерот Заев со опозициските пратеници.

Од ВМРО-ДПМНЕ велат дека сè уште немало никаква средба во ниту еден формат, а според нив, воопшто и нема потреба да се преговара за уставни измени бидејќи референдумот не помина и не треба да се прават понатамошни чекори кон легализација и вметнување на договорот во правниот систем.

За да почне постапката за уставни измени, на владејачкото мнозинство му недостигаат уште девет пратеници. Ако не успее да ги убеди, премиерот Заев најави предвремени парламентарни избори, а како можен датум го спомена 25 ноември.

Галена Николовска-Ризвановиќ

Би можело да ве интересира

СДСМ: Муцунски води тајни разговори за иднината на Македонија

СДСМ: Мицкоски и на Илинден ја дели Македонија, сите што не мислат како него ги нарекува „талог“

(ВИДЕО) Филипче од Крушево: Македонија не смее да биде држава во која водата за пиење е опасна

А1он

Манасиевски: Скандалот со водата во Гостивар е последица на децениска негрижа на локалната власт која ја предводи СДС, заедно со ДУИ и Таравари

Катерина Ѓуровски

СДСМ: Поради тендер патриотите Клековски и Мицкоски отруена е цела Македонија

Катерина Ѓуровски

Филипче: За насилничкото однесување на Иван Стоилковиќ СДСМ ќе поднесе интерпелација