„Рено“ претстави електричен кросовер на Саемот во Париз

Од:

На отворањето на Авто-саемот во Париз, „Рено“ го претставиконцептот на целосно електричен кросовер наречен К-ЗЕ.

Концептот потсетува на футуристичкиот „Квид“, на чија платформа е веројатно базиран, но „Рено“ не открива детали.

Медиумите шпекулираат дека К на името доаѓа од „Квид“, додека „ЗЕ“ е веројатно поврзано со електричниот погон.

„Рено“ тврди дека К-ЗЕ може да помине 250 километри меѓу полнења според стандардите на НЕДЦ (New European Driving Cycle), додека батеријата може да се полни на јавни полначи или во домашна средина.

Меѓу деталите што се издвојуваат е мултимедијалниот систем кој овозможува пристап до разни услуги, навигација, задна камера, паркинг и сензори.

Комерцијалната верзија треба да се појави на пазарот во 2019 година, а прво ќе се пласира во Кина.

За време на премиерата на К-ЗЕ, „Рено“ објави план за електрификација на своите „Б“ и „Ц“ автомобили во Европа, како што се „Клио“, „Каптур“ и „Меган“.

Би можело да ве интересира

Париз блокиран: Илјадници луѓе протестираат

Исчезна учесничка на Параолимписките игри во Париз, француското обвинителство покренало истрага

ВИДЕО: Сопругата и мајката на НБА ѕвездата се судрија со полицијата во Париз

Предраг Петровиќ

Драма во Париз пред затворањето на Олимписките игри: Итно евакуирана Ајфеловата кула

Смртни закани за организаторите на ОИ, обвинителство во Париз oтвори истрага

A1on

Започнаа 33 летни Олимписки игри во Париз