Почнати подготвителни активности за ветингот во МВР

Од:

Министерство за внатрешни работи ќе направи целосен ветинг на вработените. Почнати се подготвителните активности, направени се компаративни анализи и наскоро се очекува дефинирање на правната рамка, која ќе биде предложена до Собранието.

Ова го изјави денеска министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски на прес-конференција, одговарајќи на новинарско прашање.

– Очекуваме врз основа на строго утврдени правила и критеруми да се изврши процесотна ветинг на секој вработен во МВР. Тоа значи да има професионални полицајци, декриминализирана, департизирана полиција, која ќе го штити интересот на граѓаните, полицајци, кои професионално и одговорно си ја вршат својата задача, нагласи Спасовски.

Додаде дека во текот на тој процес ќе се види дали полициските службеници „се службеници или воедно и бизнисмени или се вклучени во други криминални активности“ и нагласи дека целта е пред се да се врати довербата на граѓаните во полицијата.

Би можело да ве интересира

Две и пол години затвор за вработената во МВР што фалсификуваше возачки дозволи

Кривична за четири лица за десет кражби

А1он

Полициска акција против криминална група за шврец на лекови, осомничени и вработени во Царина

Уапсен е странски државјанин на „Ќафасан“ – со фалц документи проба да излезе од Македонија

А1он

Поднесено обвинение за дел од осомничените во предметот со фалсификуваните возачки дозволи

ВИДЕО: Казнета е жената со „Поршето“ која фрлаше ѓубре во Лепенец