Кнајсел: Исходот од референдумот е јасен сигнал за поддршка на Дооворот за името

Од:

Шефицата на австриската дипломатија Карин Кнајсел смета дека и покрај неуспехот на референдумот за името на Македонија, пред се, заради слабиот одзив на гласачите, изјаснувањето во неделата покажа „јасен сигнал за поддршка“ на решението за спорот околу името со Грција.
И австрискиот министер за европски прашања Гернот Блимел е уверен дека референдумот ќе води кон решение.

Блимел оцени дека станува збор за историска шанса за Македонија и целиот регион, како и за патот кон ЕУ.

Во изјава за австриските медиуми, Блимер истакна дека Австрија јасно го поддржа ова решение.

Иако одѕивот на граѓаните беше помал отколку што очекувала, Карин Кнајсел порача дека сега на институциите останува да го преземат следниот чекор што ќе води кон пристапните преговори со ЕУ.

Би можело да ве интересира

На референдумот во Еквадор беа изгласани мерки за борба против криминалните банди

Ирска на референдумот одлучува за уставната идеја за семејството и улогата на жената во домот

Пет години од референдумот за Договорот со Грција

Словачкиот референдум не успеа поради слабата излезност

Џафери не ја добил референдумската иницијатива за францускиот предлог: Ќе ви кажам кога ќе одговорам

Кристијан Ландов

Нема да има референдум, Џафери го одби Мицкоски

Ана Ололовска