Општина Кисела Вода изврши целосно расчистување на сметот во урбаните заедници Бирарија и Цветан Димов

Од:

Општина Кисела Вода спроведе акција за целосно расчистување на сметот/отпадот во урбаните заедници Бирарија и Цветан Димов.

„Со работната акција, во овие урбани заедници се чистеа тротоарите, улиците и тревните површини, кои се во надлежност на локалната самоуправа. Сезонските работници ангажирани од Општина Кисела Вода покрај расчистувањето на сметот собираа и кабаст отпад. Во акцијата собрани се 8 тони смет.

Есенската акција за чистење на Кисела Вода, во четврток и петок ќе продолжи да се одвива во урбаните заедници Кисела Вода и Расадник.

Локалната самоуправа повторно апелира до граѓаните отпадоците да ги одложуваат во поставените корпи и контејнери за отпадоци, да се придржуваат до Законот за јавна чистота, како би допринеле за почиста и поубава Кисела Вода“, соопштуваат од Општината.

Би можело да ве интересира

Жителите на улица Народни Херои на протест – блокада на булеварот Борис Трајковски

Горан Наумовски

Запаленото возило од „Расадник“ е во сопственост на суспендиран полицаец

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Пиромани во Кисела Вода: Се палат автомобили на паркинзи, изгоре и расадникот

A1on

ОЈО: 31-годишен маж се обидел да силува жена во Кисела Вода

Горан Наумовски

Поништена одлуката за изградба на 12 габаритни згради во Црниче, информира Ѓорѓиевски

A1on

Тројца мажи се истепале во Кисела Вода