Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ на вчерашната седница донел одлука да му предложи на Централниот Комитет да се утврдат имињата на 12 кандидати за градоначалници од редовите на ВМРО-ДПМНЕ за престојните локални избори, информираат од партијата.
- Кандидат за општина Центар е Владимир Тодоровиќ
- За Аеродром, Ивица Коневски
- Општина Берово Драги Наџински
- Виница – Емил Дончев
- Крива Паланка, Арсенчо Алексовски
- За општина Мекедонски Брод, Милосим Војнески
- Кривогаштани, Тони Заткоски
- Ранковце, Орце Тодоровски
- Јагуновце, Тони Коцевски
- Могила, Славко Велевски
- Сарај, Зоран Бошковски
- За општина Зрновци, Блажо Станков.
„Основен вредносен принцип според кој Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ се водеше при изборот на кандидатите за градоначалници за престојните локални избори беше понудата на квалитетни програмски решенија во сферата на инфраструктурниот, стопанскиот и економскиот развој на општината. Значаен критериум за избор на кандидатот беше и неговиот личен кредибилитет и досегашен придонес за општината за која се кандидира“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.