Изложба на дела од Славко Јаневски и Томе Серафимовски

Од:

Масла на платно од Славко Јаневски и скулптури во бронза од Томе Серафимовски ќе бидат претставени на изложба која вечер од 20 часот ќе биде отворена во Музејот на град Скопје.

Организатор на изложбата е Фондацијата за промоција и унапредување на културните вредности „Славко Јаневски“ која соопшти дека ќе бидат претставени повеќе од 50 дела на овие двајца бардови на македонската култура.

Куратор на изложбата е Емил Алексиев, за делата и уметниците ќе говорат Кирил Пенушлиски и Ерол Ризаов, стихови од Јаневски ќе чита Висар Вишка во музичка придружба на гитаристот Тони Китановски.

– За разлика од творештвото на Серафимовски, ликовното дело на Славко Јаневски помалку ѝ е познато на јавноста и ова ќе биде уникатна можност публиката одблиску да се запознае со овој сегмент од уметничкото творештво на нашиот великан, соопшти Фондацијата „Славко Јаневски“.

Би можело да ве интересира

Со изложбата „Пет години КСП Центар – Јадро“, започна третото издание на Маалски фестивал

Во Утрехт изложба „5х10“, на дела на пет реномирани македонски фотографи

Изложба на мозаици „ Наследство во камен“ на Изет Зеќири

Горан Наумовски

Во Корча ќе се одржи промоција на македонски национални носии од Преспа

„Ретроспектива“ – самостојна изложба на Даме Затуровски

Изложба „Простор и тишина“ на Билјана Билбилоска