Ердоган: Турција и натаму ќе ги зајакнува односите со Русија

Од:

Турција воспостави многу блиски врски со Русија во многу сфери – од Сирија, па до туризмот – и сака и натаму да ги зајакнува односите со неа, изјави денеска турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган.

– Ќе продолжиме да ги зајакнуваме нашите односи и да ја развиваме нашата соработка, изјави Ердоган.

Тој нагласи дека во минатото имало „многу провокации во односите меѓу двете земји“, но тие и натаму „продолжуваат да реализираат проекти од заеднички интерес“, посочувајќи ги како пример договорите што Анкара и Москва ги склучија на неговата средба со рускиот претседател Владимир Путин на 17 септември во Сочи.

– Нашите напори во врска со Сирија дадоа резултати. Во Сочи се договоривме и потпишавме договори за воспоставување на демилитаризирана зона во Идлиб и за повлекување на екстремистите. Поради тоа, околу 60.000 Сиирјци се вратија во своите домови, истакна турскиот претседател.

Ердоган заклучи дека благодарение на својата политика за Сирија и договорите со други држави, Турција станала земја „чиј глас се слуша“.

Би можело да ве интересира

Алаудинов: Ќе го уништиме НАТО до 2030 година

Ердоган ја повика Германија да ги укине ограничувањата за турската одбранбена индустрија

Додик отпатува за Русија

Полска е подготвена да распореди нуклеарно оружје на НАТО на своја територија

Загинаа двајца полицајци во напад во Русија

(ВИДЕО) Тројца загинати во голем пожар во фабрика во Русија

Горан Наумовски