Грчките медиуми по референдумот: Референдумот нема цензус за да биде валиден

Од:

Грчките медиуми во своите извештаи за вчерашниот референдум во Македона акцентот го ставаат  на излезноста и на процентот граѓани што гласаа „за“.

„Победа на „ДА“ во ПЈРМ, но без потребната излезност“; „Над 91 отсто гласаа „ДА“ – 36.6 отсто излезност“; „91,3 отсто „ДА“ на референдумот, но со мала излезност“; „Заев решен:Гласот „ЗА“ договорот треба да се почитува“; „Референдум во ПЈРМ: „ДА “со 91 отсто, но без излезност“; „Браво од Ципрас за Заев за одлуката да продолжи со спроведување на договорот“; „Заев: За Преспа ќе одам во Собранието, ако не успеам ќе распишам избори“; се дел од насловите во грчките медиуми.

Новинарите во Грција, детално ги пренесуваат изјавите на македонскиот премиер во однос на резултатот, изјавите на лидерот на ВМРО, но ги споменуваат и можните сценарија во однос на процесот на уставни промени, јавува дописничката на МИА од Атина, .

На референдумот гласаа над 650 илјади луѓе, а над 90 отсто гласаа „ЗА“, изјави во неделата вечерта, премиерот Зоран Заев, потенцирајќи дека народот направи важен избор и одлуката што ја донесе не беше лесна, но требаше да се донесе, пишува грчката новинска агенција АНА-МПА на почетокот од опширниот текст посветен на вчерашниот референдум.

АНА-МПА, ги пренесува и изјавите на Христијан Мицковски, на Али Ахмети и на Талат Џафери, како и ставот од МОСТ.

– Премиерот на ПЈРМ, Зоран Заев, во неделата се обврза дека ќе продолжи да се стреми кон спроведување на Договорот од Преспа, барајќи гласање во Собранието за да се реши спорот со Грција за прашањето за името, и покрај тоа што излезноста на необврзувачкиот референдум во неделата не надмина 50 отсто од изборното тело, што е потребно за да се смета за валиден, пишува информативниот портал реал.гр што е онлајн издание на весникот „Реал њуз“

– Кусо по завршувањето на изборниот процес, премиерот на ПЈРМ, Зоран Заев, говореше за победа на „ДА“ без да ја спомене малата излезност и додаде дека „волјата на граѓаните треба сите да ја почитуваат“, пишува „Катимерини“

Грчките медиуми пренесуваат дека доколку не се постигне мнозинство во Собранието за уставните измени, тогаш ќе се распишат предвремени избори

Би можело да ве интересира

2.000 туристи евакуирани во Грција: Властите ги преместуваат посетителите на безбедно место

Драма во Грција: Македонец остави паричник полн со пари во ресторан, а потоа избувна паника

Горан Наумовски

ВИДЕО: Големиот шумски пожар на грчки остров е надвор од контрола, наредена е евакуација

Во Атина уапсен маж кој планираше со бомба да убие екс обвинител

А1он

Српски туристи казнети со 150 евра во Грција – двете деца врзани со појас, третото не

А1он

Метеж на граница кон Грција – за излез од Македонија се чека околу два часа

А1он