Новинската агенција Танјуг која со одлука на Владата на Србија е укината на 31 октомври 2015 година, ќе биде приватизирана во октомври, објави Данас.
Весникот наведува дека таа информација на Тимот за дијалог во кој се повеќе новински агенции и медиумски здруженија, ја соопштила членот на Координациската група на Владата на Србија за соработка со медиуми, Сузана Васиљевиќ на состанокот во петокот, 28 септември.
Таа тогаш не објаснила како ќе биде надминат правниот вакуум што се случи по „гаснењето“ на Танјуг. На заинтересирани ќе им биде понудено да го купат брендот бидејќи Танјуг нема имот.