(ВИДЕО) Темелковски: Доколку не биде исполнет цензусот институциите ќе преземат одговорност

Од:

Сметам дека цензусот може да се исполни, во Кисела Вода бројките за излезеноста се добри, нормални за текот на денот. Доколку не биде исполнет цензусот, како што кажа и премиерот институциите ќе преземат одговорност, но да почекаме да заврши денот да се види волјата на народот дали е „за“ или „против“ за да донесеме правилен заклучок во кој правец треба да се движи нашата држава, изјави денеска градоначалникот на Кисела Вода, Филип Темелковски кој заедно со своето семејство и директорот на Зоолошката градина во Скопје, во 13 часот излезе да го даде својот глас по прашањето на референдумот.

– Очекувам дека граѓаните ќе излезат и масовно ќе кажат што мислат по однос на Преспанскиот договор и евроатлантската интеграција. Сметам дека во овие моменти безразлика дали сме политичари на централно или локално ниво најодговорно е сите да излеземе и да го кажеме нашето мислење по однос на договорот доколку сакаме нашата држава да просперира и да одиме напред, рече Темелковски.

Виктор Јованов

Би можело да ве интересира

На референдумот во Еквадор беа изгласани мерки за борба против криминалните банди

Ирска на референдумот одлучува за уставната идеја за семејството и улогата на жената во домот

Пет години од референдумот за Договорот со Грција

Словачкиот референдум не успеа поради слабата излезност

Џафери не ја добил референдумската иницијатива за францускиот предлог: Ќе ви кажам кога ќе одговорам

Кристијан Ландов

Нема да има референдум, Џафери го одби Мицкоски

Ана Ололовска