(ВИДЕО) Кризен штаб против референдумот: Поткупувања и нерегуларности во Битола, Струмица и Шуто Оризари

Од:

Кризниот штаб против референдумот кој ја предводеше кампањата „Бојкотирам“ на прес конференцијата која се одржа во 16 часот информираше дека во текот на денот имало низа нерегуларности во гласање особено во Битола каде набљудувачите забележале голема раздвиженост на возила со скопски и тетовски регистарски таблички кои, како што велат, имале за цел да ги извадат луѓето на гласање. Исто така било забележано и поткупување на гласачи во струмичкото ромско маало, како и во скопската населба Шуто Оризари.

Според 1646 ангажирани набљудувачи од страна на Кризниот штаб против референдумот излезеноста до 10 часот била околу 3%, во 12 часот 7,5 отсто, додека пак излезеноста до 15 часот изнесувала околу 19 отсто.

– Во штабот на марионетската влада има паника од слабата излезност и се прави очајнички обид да се сменат работите во последен момент. Можеме да кажеме дека референдумот не може да успее оти македонскиот народ и поголем дел од граѓаните не сакаат членство во НАТО и не сакаат промена на името, идентитетот, историјата и традицијата на македонскиот народ, изјави потпретседателот на Единствена Македонија, Драган Угриновски.

Угриновски малата излезеност кај Албанците на денешниот референдум до 17 часот ја образложи велејќи дека лидерот на ДУИ, Али Ахмети во текот на денот имал состанок со премиерот Зоран Заев на кој побарал на наредните престедателски избори, Заев да поддржи кандидат Албанец за претседател, а во спротивно Албанците да ги „наполнат“ гласачките кутии во последните неколку часа од гласањето на местата каде преовладува албанското население.

Виктор Јованов

Би можело да ве интересира

На референдумот во Еквадор беа изгласани мерки за борба против криминалните банди

Ирска на референдумот одлучува за уставната идеја за семејството и улогата на жената во домот

Пет години од референдумот за Договорот со Грција

Словачкиот референдум не успеа поради слабата излезност

Џафери не ја добил референдумската иницијатива за францускиот предлог: Ќе ви кажам кога ќе одговорам

Кристијан Ландов

Нема да има референдум, Џафери го одби Мицкоски

Ана Ололовска