Некои „грешки“ во планот за економиите, за кои наведуваат високи претставници на Европската унија и на Меѓународиот монетарен фонд, можат да бидат исправени, изјави грчкиот министер за развој Костис Хаџидакис.
– Ако се има во предвид дека тројката кредитори (ЕУ, Европската централна банка и ММФ) признаа дека има грешки и дека грчката Влада сериозно се труди да ја врати довербата, сето тоа може да доведе до измени и да се редуцира економскиот режим, посочи Хаџидакис.
Голем број претсатвници на ЕУ и на ММФ ги критикуваа строгите економски мерки наложени на Грција од почетокот на должничката криза во 2010 година што беше причина земјата да западне во длабока рецесија.