Димитров: Се надевам дека денес ќе биде празник на демократијата

Од:

Силно светнал ден денеска. Повеќе од еден месец политиката зборуваше и објаснуваше колку е голем историскиот влог на оваа денешна раскрсница. Денеска народот зборува, а народот зборува со гласање, изјави министерот за надворешни работи Никола Димитров откако гласаше на референдумот на гласачко место во Домот на културата „Кочо Рацин“ во Скопје.

– Се надевам дека денес ќе биде празник на демократијата и дека конечно нашата Македонија ќе тргне напред и во вистинската насока – кон ЕУ и НАТО со зачувано тоа што ни е важно, додаде Димитров.

Во изјава за голем број медиуми од регионот шефот на македонската дипломатија рече и дека денешниот ден е важен и за пријателството со соседите во регионот.

– Ова е голем ден и за Македонија и голем ден за пријателството со Бугарија, со Грција и со другите соседи. Уверен сум, а и возбуден затоа што денеска е исто така и мојот роденден, рече Димитров.

Би можело да ве интересира

На референдумот во Еквадор беа изгласани мерки за борба против криминалните банди

Ирска на референдумот одлучува за уставната идеја за семејството и улогата на жената во домот

Пет години од референдумот за Договорот со Грција

Словачкиот референдум не успеа поради слабата излезност

Џафери не ја добил референдумската иницијатива за францускиот предлог: Ќе ви кажам кога ќе одговорам

Кристијан Ландов

Нема да има референдум, Џафери го одби Мицкоски

Ана Ололовска