Отворени на време гласачките места во Гевгелија, Богданци, Дојран и Валандово

Од:

Сите 81 гласачко место во општините Гевгелија, Богданци, Дојран и Валандово се отворени точно на време, во 7 часот утрово кога почна референдумското изјаснување на граѓаните кое според информациите од општинските изборни комисии се одвиваат во мирна атмосфера и без никакви проблеми.

На територијата на општина Гевгелија денеска на референдумот право на глас имаат вкупно 19.234 граѓани од кои на 37 избирачки места до 9 часот гласале 719 граѓани.

Во општина Богданци на 12 избирачки места право на изјаснување имаат 6.771 граѓанин од кои до 9 часот гласале 127, во општина Валандово до 9 часот се изјасниле 207 од вкупно запишаните 9.967 граѓани кои ќе гласаат на 24 избирачки места и во општина Дојран од вкупно запишаните 2.717 граѓани во избирачкиот список по референдумкото прашање до 9 часот се изјасниле 57 гласачи на осум избирачки места.

Би можело да ве интересира

На референдумот во Еквадор беа изгласани мерки за борба против криминалните банди

Ирска на референдумот одлучува за уставната идеја за семејството и улогата на жената во домот

Пет години од референдумот за Договорот со Грција

Словачкиот референдум не успеа поради слабата излезност

Џафери не ја добил референдумската иницијатива за францускиот предлог: Ќе ви кажам кога ќе одговорам

Кристијан Ландов

Нема да има референдум, Џафери го одби Мицкоски

Ана Ололовска